Владата утре ќе носи мерки за цените на горивата

Владата утре ќе носи мерки за цените на горивата

пред 2 часа

Владата на Македонија утре на седница во 12 часот ќе носи мерки со кои ќе се ублажи ценовниот раст на горивата.

Регулаторната комисија за енергетика ќе соопшти нови цени на дериватите во понеделник.

Со последните две одлуки на РКЕ, цената на дизелот скокна за 21 денар по литар, а бензините за 12 денари по литар.

Премиерот Мицкоски неодамна изјави дека ако поскапувањето продолжи, ќе се оди со намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти, а потоа и од 10 на 5%, зависно од движењето на цените.

СДСМ веќе предложи пакет закони со антикризни мерки:
– намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%,
– намалување на акцизата за 4 денари по литар,
– укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и
– преполовување на цените на патарините.

Текстот Владата утре ќе носи мерки за цените на горивата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top