ВМРО-ДПМНЕ: Горивата ќе беа поевтини и до 25 денари, ако СДСМ не го одбиеше нашиот предлог

пред 2 години

Од денес горивата ќе беа поевтини и до 25 денари, доколку СДСМ не го одбиеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата и ДДВ, велат од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Во цената на безоловниот бензин 95, акцизата учествува со 22 денари, а ДДВ со 16.78 денари, со тоа цената на истиот сега е 110 денари. Доколку СДСМ го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ тој од утре ќе се продаваше за 86.3 денари. Односно скоро 24 денари поевтино. Безоловниот бензин 98 денеска се продава по цена од 112 денари, во таа цена е засметана акциза од 22 денари и ДДВ од 17.1 денари. Доколку СДСМ го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ денеска цената на безоловниот бензин 98 ќе беше 88.1 денар. Иста е сликата и со дизел горивото, каде акцизата учествува со 15.5 денари во вкупната цена, а исто така ДДВ со 15.5 денари со што тој се продава за 102 денари, за разлика од сега доколку предлогот на ВМРО-ДПМНЕ беше прифатен, дизелот денеска ќе се продаваше за 82.4 денари. Или скоро 20 денари поевтино“, анализираат во оваа партија.

Оценуваат дека буџетската импликација од 50% намалување на акцизата на годишно ниво е околу 50-тина милиони евра. Ова се пари, како што велат, од кои Ковачевски и СДСМ не сакаат да се откажат и по секоја цена сакаат да ги земат од џебот на граѓаните, за да имаат повеќе пари за крадење.

„Буџетската импликација врз буџетот за државата е незначителна, но затоа користа за граѓаните би била огромна. Дополнително ако се земе предвид дека намалувањето на цената на горивата ќе влијае на намалување на транспортните услуги, трошоците во земјоделието и индустријата. Намалувањето на цената на горивата ќе влијаеше на зголемена потрошувачка и повеќе пари и во економијата и кај граѓаните. СДСМ не знае да управува со економијата. Со СДСМ само тонеме. Премногу е, протест за промени на 18 јуни пред влада“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top