ВМРО-ДПМНЕ: Заев е неписмен буквално и економски

пред 3 години

Заев кој не знае да пишува и е неписмен, е неписмен и за економија, затоа имаме сиромаштија, тврдат од опозициската партија.

„Кризниот данок на горивата како го нарекуваат е трајно покачување на цената на горивата од 4,13 денари и тоа ќе има импликации врз висината на сите цени на производите и услугите кои ги добиваат граѓаните. Кризниот данок е грабеж на народот, кој претходно го задолжија за над 7 милијарди евра“, се наведува во партиската реакција, во која се обвинува дека народот преку даноци ја плаќа неспособноста на власта.

Share
Scroll to Top