ВМРО-ДПМНЕ: Заев најавува ново задолжување од 700 милиони евра, јавниот долг ќе надмине 7 милијарди

пред 3 години

Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра. Овие пари власта ќе ги позајми пред изборите со што се спрема за нов поткуп, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев со ова задолжување ќе го задолжи секој еден граѓанин со нови 22.000 денари.

„Со ова вкупниот долг ќе достигне 7 милијарди евра од кои скоро 3 милијарди евра се задолжени во последните 4 години. Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна се задолжува без усул. Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема ново 700 милиони евра, ако не само за поткуп пред избори“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека Зоран Заев треба да и објасни на македонската јавност каде потрошил два милијарди евра за кои се задолжи во изминатата година дена, како и каде ќе ги потроши овие 700 милиони евра.

„Зоран Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години. Одговорност ќе има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top