ВМРО-ДПМНЕ: Заев од 2019 најавува фотонапонска електрана во Осломеј

пред 3 години

На 4 јануари 2019 година, пред две и пол години најавуваа дека е потпишан договор за изградба на фотонапонска централа на поранешните наоѓалишта на јаглен во Осломеј и дека истата инвестиција ќе биде готова за една година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот Заев објави дека денеска и официјално се потпишaни договорите за изградба на електраната.

Од опозициската партија посочуваат дека од првичните најави минало многу време, а, како што велат, ниту фотонапонска централа има, ниту се произведени првите мегават часови електрична енергија.

„Денес Зоран Заев повторно промовирајќи еден ист проект, не кажа ни збор за над 450 вработени во рудникот на РЕК Осломеј, дали и каде воопшто ќе работат овие луѓе. Тоа само говори за површноста во пристапот на оваа влада по вака сериозни енергетски и социјални прашања“, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во ситуација на пад на рејтингот и како што велат, секојдневни корупциски скандали, Заев е спремен да ветува и рециклира стари ветувања за да ја дефокусира јавноста од своите неуспеси.

Share
Scroll to Top