ВМРО-ДПМНЕ: За два дена заради Ковачевски цените на горивата се зголемија за 12 денари

пред 2 години

За два дена заради Ковачевски цените на горивата се зголемија за 12 денари, го полни буџетот на грбот на народот, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Само пред два дена литар дизел се чинеше 86 денари, а од денес истиот е 97.5 денари, литар бензин пред два дена се продаваше по цена од 97 денари, а сега се продава за 109 денари. Тоа е зголемување за 12 денари за два дена. Ова зголемување само 10% е заради растот на цената на нафтата на светските берзи, додека 90% заради високата акциза на владата, која ја зголемуваа неколку пати од 2017 до денес. Сега нашите граѓани точат гориво како во Германија, но со македонски плати. По најавените намалувања на даноците за горивата, цените во Германија ќе бидат и пониски од тие во Македонија.

Многу пати во минатото кога цената на нафтата на светските берзи се движела околу 140 долари за барел, цената на литар гориво во Македонија биле околу 75 денари, но тогаш не беше СДСМ на власт, а зголемувањето на акцизата за горивата не беше начин да се полни буџетот. Сега СДСМ ја клекнаа економијата на колена. Буџетот нема од што да се полни и се удира по народот“ сооптшти ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека СДСМ не знае како да се справи со кризата и дека се потребни предвремени парламентарни избори што поскоро. Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат од опозициската партија, ќе ја извлече државата од криза.

Share
Scroll to Top