ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември

ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември

пред 6 месеци

Во септември градоначалниците од цела држава ќе можат на аплицираат на јавниот повик на Министерството за Локална самоуправа за добивање средства за проекти во нивните општини, информираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Градоначалниците од цела држава да направат и довршат што е можно повеќе проектна документација, со цел да аплицираат за повеќе проекти.

Ова е прва година за проектот 250 милиони евра за општински проекти, ист ваков повик ќе има секоја година, а вториот ќе се случи веќе за неколку месеци од сега.

Време е за реален раст и развој. Време е за рамнорен развој“, се вели во партиското соопштение.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top