Водечката он-дименд платформа за барање работни позиции – Upshift(Македонско-американската компанија) официјално ја отвори својата најнова канцеларија овој месец во Мајами, Флорида. Канцеларијата во Мајами ќе служи како седиште на Upshift во Флорида и ќе го поддржи проширување на Upshift. Нелсон Марин, менаџер на пазарот за Upshift во Јужна Флорида изјави дека самото отварање на новата канцеларија придонесе да се отворат и многу нови работни позиции.
Upshift веќе обезбеди клиенти во Мајами како „Компас Груп“ и зоолошката градина „Мајами“ да дејствуваат како сидра додека го градат својот локализиран пазар во Јужна Флорида. Во врска со плановите на Upshift за Мајами, Марин изјави: „Како жител на Јужна Флорида јас сум исклучително горд и возбуден што преку Upshift им овозможуваme флексибилна работа на луѓето во Мајами и им помагаме на бизнисите да ги исполнат потребите за персонал преку нашата револуционарна технологија. Ние создаваме нешто поразлично и го искористуваме огромниот раст на gig економијата или економија на привремено вработување. Јужна Флорида е пазар каде што угостителската индустрија е огромна, па одлично се вклопуваме. Во Upshift со нетрпение очекуваме да соработуваме со бизнисите тука и да го зголемиме нашето присуство во други региони во Флорида во блиска иднина, каде што
има потреба од флексибилни работни позиции.”
Основана во 2016, Upshift (www.upshift.work) обезбедува бизниси од многу индустрии како продажба, хотели, кетеринг, производство, e-commerce, шанса и простор да најдат екстра работна сила за дополнителен приход за привремено вработување со флексибилни работни саати. Седиштето во САД на Upshift е во Синсинати, Охајо, додека европското седиште е во Скопје. Upshift исто така е распространет и во други 14 градови низ САД.
Upshift е поддржан од Recruit Holdings Ltd. (родителска компанија на Indeed.com и Glassdoor.com.). Дополнително, сите тројца ко-основачи на Upshift се од Македонија или соседните држави. Техничкиот директор (CTO) Никола Јордановски е роден во Скопје, и е студент од ФИНКИ, извршниот директор (CEO) Стив Аневски е од Битола, а директорот за операции (COO) Алекс Пантич е од Крагуевац.
(ПР-текст)