Деновиве во хотел „Мериот“ љубителите на врвниот хедонизам уживаа како ретко кога во ексклузивно Wine&Dine кабаре шоу, организирано од винарницата „Тиквеш“ во соработка со хотел „Мериот“.
![]()
Гастрономските бравури на кулинарскиот тим на хотел „Мериот“, предводен од Кире Ставрев, директор на сегментот за храна и пијалаци, беа стручно енолошки впарени со внимателно избрани ексклузивни вина на „Тиквеш“, а за врвната атмосфера беа задолжени врвни танчери и пејачи од Србија, кои атрактивната кабаре програма ја подготвија специјално за овој настан.
![]()
![]()
![]()
Исклучителниот настан беше збогатен со аукција на две архивски вина на Тиквеш, од богатата винска архива на оваа најстара македонска винарница.
![]()
Станува збор за Tikveš Semillon од 1970 и Tikveš Macedonia Royal Reserve од 1989 година, кои како своевидна временска машина гостите ги пренесоа во минатиот век!
(ПР)
Текстот Временска машина и магично Wine&Dine кабаре шоу во Скопје е превземен од МАКФАКС.





