Германија го одобри намалувањето на данокот на горивото за 17 центи, со што од 1 мај се очекува полн резервоар да биде поевтин за околу 10 евра.
Мерката е донесена по наглиот раст на цените поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.
Иако владата очекува олеснување за граѓаните, опозицијата и економистите предупредуваат дека ова може да ја зголеми потрошувачката и да ја влоши ситуацијата со недостиг на гориво.
Потрошувачките организации стравуваат дека намалувањето нема целосно да се пренесе на граѓаните, туку ќе профитираат нафтените компании, па бараат строга контрола на цените.
Текстот Германија ги намалува даноците на горивото е превземен од МАКФАКС.






