Германскиот министер за енергетика и клима Роберт Хабек денеска изјави дека групата Г7 ќе го води патот кон ставање крај на употребата на јаглен.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Високите претставници на Г7 одржуваат тридневен состанок во Берлин, на кој ќе се обидат да се договорат за заедничките цели, а тоа е исклучување на фосилните горива и движење кон обновливите извори на енергија, за која научниците велат дека е итно потребна за да се запрат климатските промени.
„Она што во моментов го гледаме како решение е да се забрза трансформацијата на животната средина“, рече Роберт Хабек, пренесе Танјуг.