Главниот извршен директор на Халкбанк Турција, Осман Арслан ја посети компанијата Халк Осигурување АД Скопје, со цел давање комплетна поддршка на осигурувањето во Северна Македонија

пред 4 години

Главниот извршен директор на Халкбанк Турција, г-дин Осмaн Арслан најголем поддржувач на економскиот развој на Северна Македонија и регионот.

Во посетата, чија цел е комплетна поддршка во работата и развојот од страна на „Халк“ групацијата, Главниот извршен директор на Халкбанк Турција, г-дин Осман Арслан беше пречекан од страна на главниот извршен директор на Халк Осигурување АД Скопје, г-дин Суат Инан.

На состанокот се зборуваше за развојот и новитетите во осигурувањето, како и продлабочувањето и креирањето на новите услуги за физички и правни лица, а воедно беа испратени и честитки за успешниот развој на компанијата која во период од две години обезбеди раст од 52 % и 57 % за 2019 односно 2020 година.

Но, главната цел на посетата на генералниот директор, г-дин Осман Арслан на Северна Македонија е поддршката на Сити Плаза Холдинг од 105 милиони евра, целосно нов изглед на Рамстор 2021-2025 година и изградба на хидроцентрала во Кочани. „Благодарение на поддршката на Халкбанк ќе се вработат уште 700 луѓе, додека досегашните 1000 вработени ќе бидат задржани, тоа е додадена вредност во економијата“, изјави г-дин Осман Арслан. Комплетната инвестиција и развој ќе бидат осигурени во Халк Осигурување АД Скопје, како компанија која овозможува ликвидност за комплетна поддршка на проектот.

„Нè радува тоа што продолжуваме да растеме на Балканот и секоја година додаваме нови успеси во нашите достигнувања. Нашите банки во Северна Македонија и во Србија значително напредуваат. На крајот од 2020 година, како Халкбанк АД Скопје ги зголемивме активата и кредитите по 16 % а депозитите за 22 %, со што истите следователно достигнаа на 1,1 милијарда евра, 718 милиони евра и 690 милиони евра”.

Посочувајќи дека Халкбанк АД Скопје ја слави десет годишнината од работењето во Северна Македонија, г-дин Арслан истакна дека „со знаењето и искуството што го имаме, и во иднина ќе продолжиме да ги поддржуваме Халк Осигурување АД Скопје и Халкбанк АД Скопје, како и стабилноста на осигурителниот и финансискиот сектор на Северна Македонија. Со превземањето и ребрендирањето на Халк Осигурување АД Скопје во 2018 година и тогашниот капацитет на полисирана премија од 5,6 милиони евра, во период од две години со континуиран раст од 137 %, полисираната премија ја зголемивме на 13.3 милиони евра. Целта ни е во 2021 година, со одлучни чекори, да го трасираме патот кон компанија која цврсто го освојува финансискиот пазар со широка палета на перманентни, стабилни финански производи.“

Share
Scroll to Top