Грантови за туристички агенции и водичи погодени од ковид-кризата

пред 3 години

На предлог на Министерството за економија беше разгледана и усвоена предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за развој на туризмот за 2020 година, со што транспарентно и ефикасно ќе се вратат средствата директно на сите кои во 2019 година имаат уплатено туристичка такса.

Министерството за економија за реализација на оваа активност објавува јавен повик и подготвува онлајн апликација каде што сите субјекти поднесуваат електронска апликација со приложување на документација. Комисија формирана од министерот за економија извршува евалуација на апликациите и изготвува записник и решение за исплата на средства за тие кои исполнуваат услови согласно Јавниот повик.

За реализација на оваа активност во Буџетот се обезбедени средства во износ од 120.000.000,00 денари. За реализација на оваа активност е предвидено износот на грантот да се определи согласно вкупниот приход на правното лице во претходната година, бројот на вработени и типот на лиценцата за работа.

Максималниот износ на грантот за туристичките агенции кои имаат лиценца Б ќе изнесува 180.000,00 денари додека максималниот износ за туристичките агенции со лиценца А изнесува 430.000,00 денари.Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година и за истата во Буџетот се обезбедени средства во износ од 116.850.000,00 денари.Со мерката е предвидено доделување на грантови за туристички водичи како самостојни вршители на дејност. Право на аплицирање ќе имаат туристички водичи кои поседуваат важечка лиценца и не се во редовен работен однос.

Со мерката е предвидено износот на грантот да изнесува 65.000,00 денари по апликант. Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година и за истата во Буџетот се обезбедени средства во износ од 9.800.000,00 денари.

Share
Scroll to Top