Димитриеска-Кочоска: Немаме ништо против минимална плата 450 евра, ако се договорат работодавачите и работниците, ќе ги поддржиме

Димитриеска-Кочоска: Немаме ништо против минимална плата 450 евра, ако се договорат работодавачите и работниците, ќе ги поддржиме

пред 5 дена

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, ќе поддржи минимална плата 500 евра, доколку има таков договор меѓу работодавачите и синдикатите. Вели дека зголемувањето ќе влијае на малкумина вработени кои земаат плата од државата.

„Минималната плата ќе ја разговараат работодавачите и работниците. Ние ќе го следиме процесот и тука што ќе се договорат меѓусебе ние тоа ќе го прифатиме. Зошто? Затоа што во изминатиот период врз база на направените анализи констатиравме дека минималната плата како компонента која влијае на платите во државните органи опфаќа многу мал број на државни службеници, некаде околу 14.000 мислам дека беа. Сите останати не се поврзани, така им се дефинирани според систематизациите не се поврзани со минималната плата, така што како држава ние немаме ништо против, што ќе се договорат меѓусебе двете страни ние тоа ќе го поддржиме“, рече министерката Димитриеска – Кочоска.

Барањето на некои комори, државата да плаќа дел од придонесите за да може минималната плата да се заокружи на 500 евра, Димитриеска – Кочоска децидно вели дека тоа е обврска која ќе мора да си ја плаќаат кон државата оти не е предмет на договор. Освен тоа, според министерката, во земјава се плаќаат придонеси кои се многу пониски од оние во соседството па затоа смета дека нема потреба од измени во тој дел.

Сојузот на стопански комори уте на промојаскиот протест лани, пред изборите, побара од новата Влада во првите 100 дена минималната плата да ја крене на 450 евра, но за ова барање се уште се водат преговори.

 

Текстот Димитриеска-Кочоска: Немаме ништо против минимална плата 450 евра, ако се договорат работодавачите и работниците, ќе ги поддржиме е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top