До 1 јули субвенции од Владата преку ЕСМ и нема зголемување на цената во првиот и вториот блок, вели Бектеши

До 1 јули субвенции од Владата преку ЕСМ и нема зголемување на цената во првиот и вториот блок, вели Бектеши

пред 4 месеци

До 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

„Како Влада секако дека субвенциите ги даваме индиректно преку работењето на ЕСМ со утврдување на цената на ЕСМ која ја нуди за универзалниот снабдувач и така ќе продолжиме до средина на оваа година кога треба да се донесе и новата одлука за цената на ЕСМ која ќе ја дава до универзалниот снабдувач што е и снабдувач за сите домаќинства и мали потрошувачи. Ова значи дека до 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, рече Бектеши.

Како што појасни,  граѓаните да бидат спокојни дека нема да има зголемување за првиот и за вториот блок. Спротивно, ќе има намалување на давачката за дистрибутивната мрежа, рече Бектеши.

Бектеши дополни и дека пакет-мерката за замрзнати цени ќе важи до крајот на февруари. Тој рече дека ќе предложат до Собранието ново законско решение за нефер трговски практики, кој е целосно усогласен со директивите на ЕУ, со цел да не се дава можност за злоупотреба од страна на трговците.

Текстот До 1 јули субвенции од Владата преку ЕСМ и нема зголемување на цената во првиот и вториот блок, вели Бектеши е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top