Владата го утврди текстот на предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“.
Проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“ опфаќа воспоставување на две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите, со цел подобрување на квалитетот на превозните услуги на патниците во правец „исток – центар – запад“ и „југ – центар- север“, намалување на времетраењето на превозот на патниците, подобар пристап и користење на превозните услуги и за намалување на загадувањето на воздухот.