„Еуроникел“ втор ден на протести: Исплатете го августовското ДДВ за да земеме плата

„Еуроникел“ втор ден на протести: Исплатете го августовското ДДВ за да земеме плата

пред 5 месеци

Синдикалната организација на „Еуроникел“ упати отворено писмо до Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Димитар Ковачевски, до градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и до директорот на Комерцијална банка АД Скопје, Хари Костов.

Од таму бараат да се исплати августовското ДДВ за да земат плата.

„Втор ден протестираме во знак на револт и бараме да се исплати августовското ДДВ за да земеме плата, да платиме сметки, кредити, да добиеме здравствено осигурување да може хронично болните да добијат терапија, да може тие што имаат операции да добијат здраствена нега, да може трудниците да добијат породилно боледување, а вие сте и глуви, и неми и слепи додека ние стоиме на патот и молиме не за милост, ами за нашите заработени пари.

Не може ДДВ-то достасано уште во октомври сè уште да не е исплатено на крајот на ноември. А еве веќе и рокот за септемвриското ДДВ е поминат. Не може УЈП да седи врз нашите пари и да бара начини и да нè задолжува со нови даноци сè со цел да не ни ги исплати средствата што ни ги должат. Тоа е нечесно и нечовечно кон 1.000 работници, кон 1.000 семејства, кон нашите деца, кои треба да ги храниме, образоваме, да им обезбедиме здраствена заштита“, се наведува во писмото.

„Почитуван заменик-претседателе Битиќи, почитувана директорке Лукаревска, дојдете на блокадите, погледнете не во очи, слушнете ги нашите маки, но најважно од сè – пуштете ги средствата за ДДВ и ние како луѓе да можеме да однесеме леб дома. Тоа се наши пари. Милостина не бараме.

Ве молиме што побргу пуштете ги средствата што ние чесно ги заработивме. Сите протестираат за поголеми плати, ние протестираме да земеме каква-таква и да добиеме здравствено осигурување“, се додава во отвореното писмо.

Од таму најавуваат дека продолжуваат со блокадите и в понеделник на региналниот пат Градско – Прилеп кај селото Дреново, до целосно разрешување на нивното прашање.

Текстот „Еуроникел“ втор ден на протести: Исплатете го августовското ДДВ за да земеме плата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top