Занаетчиска комора: Постојат дејности кои не можат да не работат во недела

пред 3 години

Занаетчиската комора смета дека постојат дејности кои не можат да не работат во недела поради природата и видот на услугите кои ги вршат.

„Во однос на законското решение за недела како неработен ден доставено е мислење до надлежните институции за занаетчиски дејности кои едноставно не можат да не ја вршат дејноста во недела поради природата и видот на услугите кои ги вршат. На пример фотографи, козметичари, фризери, цвеќари, забавни игри и други занаетчиски дејности вршат дејност и во недела, затоа што побарувачката на нивните производи и услуги го диктира денот недела како неопходен за вршење на дејност“, велат од Коморатта.

Од таму додаваат дека засегнати се и занаетчиите кои вршат пекарска, слаткарска дејност, кетеринг услуги и достава на храна затоа што, како што велат од Комората, треба да влезат во листата на дејности кои согласно новото законско решение ќе можат да вршат дејност и во недела.

Share
Scroll to Top