Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и државниот секретар на министерството за животна средина, Каја Шукова, денес го означија почетокот на проектот за изградба на фекална канализација во Смилковци.
Општина Гази Баба првпат успеа да го отвори патот за да користи финансиски средства од програмата за прекугранична соработка на ЕУ. Со добиениот грант од 134.000 евра и заеднички, а дополнителни средства се обезбедени од општината и министерството за локална самоуправа, со што конечно се решава уште еден децениски проблем.
„Посветени на Гази Баба, започнуваме со реализација на уште еден голем проект. Изградба на канализација со пречистителна станица, со примарна и секундарна мрежа за Смилковци. Успеавме да го добиеме, денеска започнуваме, а за шест месеци и ќе го завршиме овој проект. Тој е дел од стратегијата на општина Гази Баба, уште една, нова активност со која ја исполнуваме нашата визија за развој на општината и подобрување на животот на граѓаните“, истакна Георгиевски.