Златен Даб со нови дизајни на Limited Edition лименки

пред 2 години

Во недела викендов, Three Kitchen & Bar беше домаќин на уште еден настан во организација на Златен Даб. На настанот, во опуштена атмосфера, со музиката на диџеите Shorty P и Irie Scratch беа промовирани четирите дизајни на Златен Даб лименките Limited edition.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

 

Како автори на делата се потпишаа Елена Чемерска, Никола Радуловиќ, Руки Чуки и Ване Костуранов. Секој од нив со свој дизајн го изрази својот однос кон пивото Златен Даб, но и кон пошироки инспиративни теми како што се урбаната средина, личните несовршености и интересниот свет во целина. На настанот гостите можеа да купат бургери на скара, а добиваа и подарок пакет дизајнирани лименки. Инаку, новитет за оваа година се и дизајнираните етикети на шишињата од 0,33 l кои ќе бидат достапни во кафулиња и ресторани.

Златен Даб и понатаму останува да се залага за поддршка на домашната уметничка сцена како и за авторите кои творат на неа. Останува да видиме со што следно ќе нé изненади овој бренд.

(ПР)

Share
Scroll to Top