Илиеска: Процентот на сива економија расте оти власта не презема никакви мерки

Илиеска: Процентот на сива економија расте оти власта не презема никакви мерки

пред 5 месеци

Анастасија Илиеска, член на Комисија за финансии и буџет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ која е дел од кампањата Важно е! Од тебе зависат промените зборуваше за борбата против сивата економија и потенцираше дека огромниот процент на сива економија кој е повеќе од 33% во Македонија е далеку од европскиот просек од 19,4%.

-Ова е борба на сите нас заедно против сивата економија или неформалната економија и корупцијата. Сите овие проекти кои претходно ги споменавме нема да бидат возможни да ги оствариме доколку не работиме на сузбивање, намалување на сивата економија. Огромниот процент на сивата економија повеќе од 33% во Македонија е далеку од европскиот просек од 19,4%, истакна Илиеска.

Илиеска во текот на своето обраќање укажа дека не се преземаат мерки за да се сузбие сивата економија и затоа процентот на сива економија во државата од 2017 година па наваму е се поголем.

-Што е она што е сивата економија поточно неформалната економија која ние во секојдневниот живот ја чувствуваме и се среќаваме со неа? Тоа е сето она што во стратегијата во 2022 воопшто не е ниту една мерка преземена за сузбивање и поради тоа процентот на сивата економија од година во година после 2017 година е се поголем и поголем. Тоа го забележуваат сите релевантни меѓународни институции и сите здруженија кој ја третираат таа тематика во Република Македонија, потенцираше таа.

Илиеска објасни дека сивата економија ја чинат Македонија 795 милиони евра во текот на една календарска година.

-За сивата економија еве да предочам Македонија за една година ја чини колку изградба на коридорот 8 и 10Д или ја чини колку изградба на 4 клинички центри, ова зборувам за една календарска година, или да ги реновираме сите училишта кои се во Република Македонија. Толку многу опфаќа тој процент од 33% на сива или неформална економија. Тоа 795 милиони евра во текот на една календарска години, рече Илиеска.

На крај Илиеска порача дека за да се намали сивата економија во државата, но и да се сузбива не треба Македонија да се задолжува кај меѓународните финансиски институции.

-Она кое сакам да го потенцирам доколку се доведеме до степен да ја намалиме но и да се стремиме кон сузбивање на сивата економија за што постојат мерки, ние како Република Македонија нема да се задолжуваме во иднина кај меѓународни, финансиски институции, но секако и кај граѓаните. Тоа значи многу за Република Македонија, тоа значи многу за стандардот на граѓаните кои живеат во оваа држава, а секако и мотив за сите оние кои заминуваат од државата заради таа атмосфера, заради тоа опкружување, додаде Илиеска.

Текстот Илиеска: Процентот на сива економија расте оти власта не презема никакви мерки е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top