Поврзување на искуството и лидерството во насока на нудење повеќе придобивки за потрошувачите
Интервју со менаџерот за експанзија во Тиго и комерцијалниот директор во Електрометал за нивната најнова соработка
Дека едно партнерство може да се реализира и да почне да се развива во добра насока, без оглед на различностите, доказ се Тиго Фајнанс и Електрометал. Овие две компании во јуни започнаа заедничка приказна која се темели на споделување заеднички вредности и високи професионални стандарди, а е во насока на нудење што поголеми придобивки за своите клиенти. Преку спојување на услугите од двата субјекта на едно место, поточно преку отворање на Тиго филијали во неколку маркети на Електрометал, пристапот до финансиски средства во најпотребните моменти станува уште подостапен за граѓаните, а пазарувањето на производи за домот и градината финансиски целосно безгрижно.
За најновата соработка меѓу двете компании, за актуелната понуда, но и за идните планови разговаравме со Дејан Манев, менаџер за експанзија во Тиго Фајнанс и Иван Калинов, комерцијален директор во Електрометал.
- Неодамна Тиго Фајнанс и Електрометал започнаа партнерска соработка, поврзувајќи ги своите дејности преку отворање на филијали на Тиго во три маркети на Електрометал (Маџари, Карпош и Драчево), на тој начин нудејќи пристап до над 60.000 денари при пазарувањето на над 60.000 производи за домаќинството. Како дојде до ова уникатно поврзување на компании од две различни индустрии?
- Дејан Манев, Тиго Фајнанс: Растот и развојот на една компанија на пазарот е возможен пред сѐ, преку постојано антиципирање и соодветно, прилагодување на потребите на клиентите, воведување нови иновативни решенија на нудење услуги тогаш кога е најпотребно, но и на начин кој е најсоодветен на моменталната состојба. Тиго и Електрометал се водечки компании на македонскиот пазар, лидери во својата област, а „домаќинлукот“ е нашата заедничка точка која нè поврзува. Поточно домаќинското работење, како карактерна особина, како паметно управување со својот буџет и како уживање во грижата за домот и градината. Оттаму, и нашиот слоган – „Пријатели на домот и буџетот“, со кој сакаме да порачаме дека Тиго и Елктрометал се вашите пријатели, кои се тука, подготвени да излезат во пресрет тогаш кога е најпотребно. Да бидам попрецизен, баравме партнерска компанија која има сличен импакт врз задоволување на потребите на потрошувачите и нивните одлуки при купувањето, како што има Тиго – односно, задоволување на потребите на едно место, во неколку минути, ефикасно и транспарентно. Градежните зафати при реновирањето на домот, набавката на неопходните алати, материјали и останати нешта поврзани со домот се актуелни во текот на целата година, исто како што е постојано актуелна и потребата од финансиски средства. Синергијата меѓу двете компании е очигледна, заедно можеме да го унапредиме домашниот буџет, да го средиме домот заеднички преку финансиска асистенција и да бидеме решението кога изгледа дека го нема. Па така, не само што овозможуваме недостатокот од финансиски средства при пазарувањето да биде покриен на лице место, туку и на населението од околината каде овие филијали се лоцирани нудиме пристап до финансиски услуги за најразличен тип на потреби.
- Иван Калинов, Електрометал: Електрометал како лидер на пазарот во индустријата „Направи сам“ секогаш се стреми да биде блиску до своите клиенти, да им помага во реализацијата на своите замислени проекти. Водени од идејата „есапот дома и есапот на пазар не е ист” со Тиго им овозможуваме на клиентите нивните проекти да станат реалност и лесно да ги реализираат. Нашата гама на производи опфаќа повеќе од 60.000 производи, како електроматеријали, алати, бои и лакови, водовод, санитарија, бела техника, поточно сè за домот и градината. Изборот навистина е голем и многу често нашите клиенти доаѓаат со еден план, а си заминуваат со друг, надграден и збогатен Преку партнерската соработка со Тиго, пазарувањето сега е целосно безгрижно затоа што во случај на кусок, тука се нашите пријатели од Тиго, како финансиска поддршка.
- Тиго Фајнанс последните неколку месеци остварува експанзија преку отворање на нови филијали низ целата држава. Па така, небанкарските финансиски услуги стануваат сè подостапни до граѓаните, а со тоа домашната економијата добива зајакнување кое ѝ е особено потребно во кризни периоди, како што е овој. Во кој правец се движи стратегија на Тиго во однос на достапноста на услугите на компанијата за граѓаните?
- Дејан Манев, Тиго Фајнанс: Финансиските потреби на потрошувачите се постојани, секојдневни, во секое време, многу често и неодложни. Трошоци се појавуваат континуирано, од сите страни, а нашите буџети често недоволни да го покријат секој финансиски издаток. Ние сме тука токму во тие моменти – ДОСТАПНИ да им понудиме финансиска поддршка и да им излеземе во пресрет на граѓаните токму во тие ситуации преку фер, транспарентен и одговорен начин на кредитирање. Исто така, одлично сме репозиционирани, физички и дигитално присутни, со што потрошувачите знаат дека имаат Финтек пријател подготвен во секое време да ги задоволи сите нивни потреби. Главната предност на Финтек компаниите е што се достапни, и тоа не само во смисла на физичка достапност со филијали, туку и во смисла на ефикасност – клиентот добива финансиски средства тогаш кога има потреба од тоа, за неколку минути. Ние сме достапни секаде каде граѓаните имаат потреба од нашите услуги – онлајн на www.tigo.mk и офлајн со 25 филијали низ државата, чиј број постојано расте. Имено, во рамките на планот за експанзија за првите шест месеци од 2021, Тиго отвори филијали во Струга, Штип, Велес, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Свети Николе и Радовиш, уште шест во Скопје – Бит Пазар, Чаир, Кисела Вода, како и филијалите во маркетите на Електрометал во Маџари, Карпош и Драчево. На тој начин зголемувајќи го и бројот на нови вработувања, и уште еднаш потврдувајќи ја својата стратешка определба да биде сериозен и посветен партнер на локалните заедници во коишто делува. Експанзијата продолжува со подеднаков интензитет и во претстојниот период, преку отворање на нови филијали во многу други градови низ целата држава. Дополнително, соработката со партнерските компании кои се двигатели на домашната економија продолжува, физичката достапност преку филијалите низ државата постојано ќе расте, а Тиго со своите филијали ќе биде присутен насекаде каде граѓаните ќе имаат потреба. Говорејќи за достапност, само во Тиго – првиот кредит со навремена и целосна еднократна отплата до 30 дена за новите клиенти е целосно бесплатен кредит, а нудиме и опција за повеќекратни месечни отплати на кредитот на 3, 6, 12, 18 и 24 месеци.
- Електрометал со децении го одржува статусот на еден од лидерите на македонскиот пазар во продажбата на електроматеријали, алати, водовод, санитарија и сè за домаќинството. На што се должи овој успех на компанијата и кои се нејзините идни планови?
- Иван Калинов, Електрометал: Електрометал постои од 1949 година. На почетокот како компанија која се занимавала исклучиво со трговија на големо, а со текот на времето, како што се менувале светските текови и потребите на потрошувачите, така се менува и начинот на дејствување на нашата компанијата. Зад себе имаме 72 години традиција, што претставува гаранција за доверба и квалитет и синоним за вистински центар за домот кој на купувачите им нуди широк асортиман на производи од најквалитетните светски брендови. Денес, Електрометал е лидер во малопродажбата и со силен интензитет и квалитет се стремиме да бидеме во директен контакт со купувачите преку нашата мрежа на маркети низ целата држава. Нашиот концепт е да бидеме поблиску до потрошувачите, а тоа подразбира покривање на целата територија на Македонија. Во моментов сме присутни во Скопје на 5 локации, а низ државата сме присутни во Кичево, Охрид, Велес, Прилеп, Кочани и Струмица. Нашата цел е до 2025 година да имаме вкупно 25 маркети во Македонија, но исто така имаме план за ширење во соседна Србија во следните години. Располагаме со преку 60.000 производи што е уште една причина повеќе за сè поголемо развивање на малопродажбата, место каде може да им го покажеме цело портфолио на потрошувачите. Ги следиме светските трендови и во нашето работење постојано се прилагодуваме на новите потреби на купувачите, континуирано збогатувајќи ја нашата понуда. На тој начин, веруваме дека го трасираме успешниот пат за уште многу децении пред нас.
- Кога сме веќе кај плановите за иднина, дали може да ни откриете какви нови придобивки може да очекуваат потрошувачите од оваа партнерска соработка меѓу Тиго и Електрометал?
- Дејан Манев, Тиго Фајнанс: Потенцијалот на оваа соработка е дефинитивно неограничен, така што продолжуваме и во претстојниот период да бидеме партнер преку кој може да се искористи финансиската помош овозможена од Тиго за најлесно опремување на домот, станот, викендичката, гаражата, дворот, кафулето, со крајна цел, пазарувањето и освежувањето на домот да станат целосно уживање ослободено од финансиски стресови. Ги повикувам сите постоечки и нови клиенти на Тиго да ги користат услугите на нашите филијали внатре во маркетите на Електрометал, лоцирани во Маџари, Драчево и Карпош, и да не ги пропуштаат новостите кои следуваат.
- Иван Калинов, Електрометал: Преку соработката со Тиго клиентите ќе бидат во можност во секој маркет на Електрометал низ државата лесно и брзо да дојдат до посакуваните производи. Концептот на соработка е уникатен и единствен во Македонија од ваков тип и затоа верувам во успешноста на овој проект. Заеднички ќе работиме на континуирано развивање и негова постојана надоградба, нудејќи свежи поволности и изненадувања за нашите клиенти. Ги повикувам клиентите да ги следат нашите нови понуди, но и да дојдат, да нè посетат, да се опуштат при пазарувањето на нашите производи користејќи ги поволностите од Тиго. Добро е да се знае дека имаш пријател на домот и буџетот
(ПР текст)