Ковачевски во Александрyполи: Ова е историски настан за земјите од регионот во делот на енергетиката

пред 3 години

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски се обрати на свечената церемонија на започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи, Грција.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Ковачевски заедно со премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис, претседателот на Владата, Кирил Петков, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, како и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во своите поздравни обраќања ја потенцираа важноста на енергетскиот проект.

Ковачевски подвлече дека ова е историски настан за земјите од регионот во делот на енергетиката. Тој најави дека во тек се и подготовките коишто ќе овозможат и наше директно вклучување во изградбата на гасоводот со што нашата земја ќе биде поврзана со овој значаен енергетски капацитет.

„Со интерконекторот во Грција, кој е во фаза на реализација, ја заокружуваме сета потребна инфраструктура за да се заврши и секундарната гасна мрежа која ќе го донесе гасот до граѓаните и стопанството во Северна Македонија. Обезбедувањето на природен гас како енергенс за компаниите и домаќинствата ќе доведе до намалени трошоци, но и до намалување на загадувањето и заштита на животната средина, односно подобри услови за живот на граѓаните во Северна Македонија“, изјави Ковачевски.

Како што додаде, јужниот коридор ја намалува зависноста од досега единствениот канал на доток на гас од Русија. Поточно, со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други земји.

Според Ковачевски, тоа значи и диверзификација на изворите што нашата држава ќе ја направи енергетски независна, а сето тоа ќе влијае и на намалување на цената на гасот како енергенс за индустриските и енергетски капацитети во нашата држава.

 

Додаде дека учеството на Северна Македонија во овој мега проект, ни ја обезбедува привилегијата да станеме партнери во реализацијата на стратешките енергетски интереси на Европската Унија.

Share
Scroll to Top