Ковачевски на одбележување на 30 години од КХВ: Финансискиот систем успешно одговори на кризата!

пред 2 години

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на одбележувањето на 30 години од основањето на Комисијата за хартии од вредност рече дека финансискиот и монетарниот суверенитет се основните компоненти на вкупниот суверенитет на секоја држава.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Со донесување на пакетот закони од овие области во Собранието на Република Македонија во текот на 1992 година, се постави институционалната рамка за долгорочен и стабилен финансиски систем.

„Во тој систем се вгради и улогата на Комисијата за хартии од вредност којашто е основана на 19 јуни 1992 година со одлука на Владата на Република Македонија.
Денес, 30 години подоцна, Комисијата за хартии од вредност е самостојно и независно регулаторно тело кое успешно ја остварува својата мисија: Да ги заштити инвеститорите; Да се грижи за создавање и одржување на фер, сигурен, транспарентен и ефикасен пазар на хартии од вредност и да го олесни привлекувањето на капитал со што придонесува кон економскиот раст и развој на државата“ рече Ковачевски.

Тој порача дека „улогата на финансиските пазари во сите земји е многу важна за економскиот раст. Фокусот на нашите економските политики се инвестициите, па оттука и развојот на пазарот на капитал е значаен долгорочен економски фактор којшто влијае врз обемот на производство и вработеноста“.

„Финансискиот систем во Република Северна Македонија во последните три години е исправен пред сериозни предизвици кои се предизвикани од надворешни, глобални влијанија. Во 2020 и 2021 година беше од исклучителна важност да се одржи стабилноста на финансискиот сектор во време на ковид-кризата. Во услови на пандемија, Владата континуирано издвојуваше дополнителни средства за поддршка на компаниите и зачувување на ликвидноста“ рече премиерот.

Според извештаите за минатата година прометот на берзата за првите осум месеци беше повисок за 41,05% во однос на оној реализиран во истиот период во 2020 година. И МБИ 10 индексот во тој период бележи постојан раст од 24,12 %, порача тој.

Share
Scroll to Top