Комисијата за финансирање и буџет ја продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Комисијата за финансирање и буџет ја продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

пред 6 часа

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска со почеток во 11:00 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година.

Поднесени 224 амандмани

За ребалансот се поднесени вкупно 224 амандмани. Од нив, 90 се поднесени од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од коалицијата ВРЕДИ. Комисијата во изминатите денови веќе разгледа дел од предложените амандмани, а расправата продолжува и денеска.

Повисоки приходи и капитални инвестиции

Според предложениот ребаланс, вкупните приходи се проектирани на околу 6,17 милијарди евра, што претставува зголемување од околу 68,3 милиони евра или 1,1 процент во однос на првично усвоениот Буџет за 2026 година.

Вкупните расходи се планирани на околу 6,91 милијарди евра, при што се обезбедени дополнителни средства за капитални инвестиции. За оваа намена се предвидени околу 748 милиони евра, што е за околу 94,3 милиони евра, односно 14,5 проценти повеќе во споредба со иницијалниот план.

Проектиран раст од 3,5 проценти

Со ребалансот, Владата проектира економски раст од 3,5 проценти, инфлација од 4,5 проценти и буџетски дефицит на ниво од 4,1 процент од бруто-домашниот производ.

Текстот Комисијата за финансирање и буџет ја продолжува расправата за ребалансот на Буџетот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top