Со можноста за фотоволтаици за секое домаќинство го зголемуваме производството на електрична енергија, истакна пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ на прес-конференција.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Говорејќи со измената на Правилникот за обновливи извори на енергија, Коциќ образложи дека на тој начин се овозможува граѓаните и компаниите да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија.
„Се зголемува и ограничувањето на инсталирана моќност од досегашните 4 киловати на 6 киловати за домаќинствата, додека кај малите потрошувачи, буџетски корисник и единка корисник максималната инсталирана моќност се зголемува од 20 на 40 киловати. Владата предводена од СДСМ ќе го поттикне поставувањето на фотонапонски панели преку субвенции за набавка и поставувањето на панелите во висина до 30 отсто но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство“, рече Коциќ.
За оваа мерка, како што додаде, од Буџетот се предвидени 60 милиони денари.
Покрај оваа мерка, во ребалансот на буџетот се предвидени и дополнителни средства за инвестиции во енергетиката за што СДСМ апелира до сите колеги пратеници тој да биде усвоен што побрзо.