Македонија бара фер енергетска транзиција: Лабудовиќ од Атина порача дека европските правила мора да ја следат реалноста на регионот

Македонија бара фер енергетска транзиција: Лабудовиќ од Атина порача дека европските правила мора да ја следат реалноста на регионот

пред 5 часа

Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ учествуваше на Енергетскиот форум на Енергетската заедница во Атина, каде што беше дел од панел-дискусиите посветени на интеграцијата на пазарите на електрична енергија и продлабочувањето на енергетската соработка со Европската Унија.

Во своето обраќање, Лабудовиќ го презентираше напредокот што Македонија го постигнува во усогласувањето на националното законодавство со европската енергетска регулатива, нагласувајќи дека транспонирањето на ЕУ-правилата претставува една од клучните обврски во рамките на реформските процеси и енергетската трансформација на државата.

Посебен акцент беше ставен на Механизмот за прекугранично прилагодување на јаглеродот (CBAM), кој во наредниот период ќе има значително влијание врз економиите во регионот. Лабудовиќ посочи дека при креирањето на идните политики и мерки неопходно е внимателно да се земат предвид специфичностите на овој механизам, особено во делот на инвестициите во обновливи извори на енергија, конкурентноста на домашната индустрија и извозниот сектор.

„Енергетската транзиција мора да биде амбициозна, но и праведна. Земјите од Западен Балкан имаат јасна европска перспектива и ги спроведуваат неопходните реформи, но процесот треба да биде проследен со конструктивен дијалог и поддршка што ќе ја препознае реалната состојба и предизвиците во регионот“, истакна Лабудовиќ.

На форумот беа разгледани и можностите за понатамошно поврзување на регионалните пазари на електрична енергија, зголемување на енергетската сигурност и забрзување на инвестициите во чиста енергија.

Текстот Македонија бара фер енергетска транзиција: Лабудовиќ од Атина порача дека европските правила мора да ја следат реалноста на регионот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top