Маричиќ: Реформата на јавната администрација за првпат станува дел од процесот на преговори

пред 2 години

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на „Скопскиот економски и финансиски форум“, на панелот посветен на „Нови предизвици за добро владеење“, на кој истакна дека се подготвува нова Стратегија за реформа на јавната администрација 2023 – 2030, со која има за цел зголемување на ефикасноста и ефективноста на институциите.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– Реформата на јавната администрација е клучна област од Кластерот Темели и за првпат и формално станува дел од процесот на преговори. Како земја кандидат за членство во ЕУ, а имајќи го предвид и значењето на областа на владеење на правото и во контекст на пристапните преговори (како дел од Кластерот Темели), изминатиов период се преземаа значителни напори за да се подобри правната, стратешката и институционалната рамка, рече Маричиќ.

Вицепремиерот потенцираше дека без добро владеење нема економски успех, додавајќи дека тоа е клучна основа за нашите европски вредности и е меѓусебно и тесно поврзано со демократијата и основните човекови права.

– Земјите со функционални и ефективни механизми за владеење на правото се поатрактивни за странски директни инвестиции. Покрај членството во НАТО, странските инвеститори бараат и „безбедни земји за инвестиции“, каде клучното барање е каков механизам за владеење на правото постои во одредена земја. Во таа насока, независноста и непристрасноста на судскиот систем и нивото на корупција е едно од клучните барања, кажа Маричиќ на панел-дискусијата.

Вицепремиерот Маричиќ говореше за транспарентност и отчетност, истакнувајќи дека оваа влада покажа високо ниво на политичка волја да ги отвори институциите, повикувајќи се на извештајот на Метаморфозис според кој нашата земја е прва од земјите на Западен Балкан, со исполнети дури 83.4% од критериумите. Тој се осврна и на извештајот за Индекс на активна транспарентност 2021 година на Центарот за граѓански комуникации, според кој активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините година изнесува 63 отсто, што е за пет проценти зголемена споредено со 2020 година.

– Воспоставуваме правила и стандарди со цел транспарентноста понатаму да не зависи од политичката волја, туку да се постави како пракса која е задолжителна за секоја институција, потенцираше Маричиќ.

Share
Scroll to Top