Маркети, аптека и големи увозници на овошје и зеленчук затворени поради непочитување на владините мерки за маржите

Маркети, аптека и големи увозници на овошје и зеленчук затворени поради непочитување на владините мерки за маржите

пред 2 месеци

Кај осум правни субјекти пазарната инспекција констатирала целосно непоичитување на владините мерки од кои три маркети, една аптека и три најголеми увозници на овошје и зеленчук и за истите како што информира директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски, биле издадени или се во постапка на издавање решенија за забрана за вршење на дејност и парична казна согласно големината на правниот субјект.

Во периодот од 24 февруари до 6 март биле извршени 365 надзори во трговијата на мало и 64 во трговијата на големо. Притоа биле констатирани вкупно 36 неправилности а триесетина предмети се во фаза на анализа и издадени прекршочни платни налози во вредност од 42.000 евра.

Инспекторите најави тој и во текот на наредниот период ќе продолжат со засилени контроли кај увозници, дистрибутери, производители, маркети, аптеки, бензински пумпи и слично, на целата територија на државата.

Според Стојкоски, мерките на Владата генерално се почитуваат, и апелираше до сите трговци доследно да ги почитуваат законите и владините одлуки.

Глобите за непочитување на истите како што образложи, се движат од 500 до 10.000 евра, како и забрана за вршење на дејност од 15 дена согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачи.

Тој ги охрабри граѓаните доколку увидат неправилности да ги пријават или на телефонскиот број 191 или на веб страната на ДПИ.

Текстот Маркети, аптека и големи увозници на овошје и зеленчук затворени поради непочитување на владините мерки за маржите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top