МЗШВ: Објавен Јавен повик за поддршка на земјоделските задруги

МЗШВ: Објавен Јавен повик за поддршка на земјоделските задруги

пред 2 часа

Објавен е Јавен повик бр. 02/2026 за доставување на барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, соопшти Министерството за земјодлество.

„Преку Мерка 131 – Економско здружување на земјоделски стопанства, подмерка 131.1, се обезбедува поддршка за поттикнување на здружувањето.

Право на аплицирање имаат земјоделските задруги регистрирани за вршење на земјоделска дејност согласно Законот за задругите и евидентирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“.

Барањата за користење на средствата се поднесуваат согласно пропишаните обрасци со целосна документација, а деталните информации, условите и формуларите за аплицирање се достапни на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Целта, како што велат, е поттикнување на здружување на земјоделските стопанства преку формирање на земјоделски задруги, со што ќе се подобри конкурентноста, организацијата на производството и пласманот на земјоделските производи.

Текстот МЗШВ: Објавен Јавен повик за поддршка на земјоделските задруги е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top