Министерката за енергетика се сретна со чешкиот амбасадор, се разговарало за новоформираното министерство и за неговите цели

Министерката за енергетика се сретна со чешкиот амбасадор, се разговарало за новоформираното министерство и за неговите цели

пред 5 месеци

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорот Јарослав Лудва од Република Чешка.

На средбата се разговараше за новоформираното Министерство, за неговите цели, активности и проекти.

Министерката Божиновска ја истакна огромната важност за реализирање нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постојните закони со Европската Унија.

На средбата беше разговарано за афирмирање и унапредување на соработката со македонско-чешката стопанска комора.

На средбата се нагласи и поддршката во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката, како и учество на работилници и бизнис-форуми.

Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката.

Текстот Министерката за енергетика се сретна со чешкиот амбасадор, се разговарало за новоформираното министерство и за неговите цели е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top