Мицкоски: Потпишан е договор со ДМ- БАУ Интернационал за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања

Мицкоски: Потпишан е договор со ДМ- БАУ Интернационал за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања

пред 2 недели

Потпишан е договор со ДМ- БАУ Интернационал за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања, објави премиерот Христијан Мицкоски.

Договорот за државна помош кој се потпишува денес предвидува инвестиција од најмалку 7 милиони евра во следните 5 години и најмалку 200 нови работни места. Согласно последните информации добиени од менаџментот на компанијата, инвестицијата ќе го надмине овој минимален износ на кој договорно се обврзува.

Инвестицискиот план, како што образложи Мицкоски, вклучува вложувања во купување на земјиште, целосна изградба на погоните и нивно опремување со машини и опрема за производство на модуларни објекти со различна намена. ДМ Бау Интернационал е дел од групација ДМ Бау – швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години историја.

„Покрај производството на ваквите објекти, компанијата се јавува и како изведувач на истите. Со годишен обрт од околу 10 милиони швајцарски франци, над 70 вработени и 30-тина проекти годишно, ДМ Бау се вбројува меѓу најголемите европски производител во овој сегмент. Моменталното производство се одвива на две локации во Швајцарија, а плановите за интернационализација и зголемување на капацитетите ДМ Бау одлучи да го реализира преку Македонија. Во индустриска зона во близина на Куманово, ДМ Бау Интернационал ќе изгради голем комплекс составен од повеќе објекти за производство, монтажа и складирање, со вкупна површина од околу 35.000 метри квадратни под покрив. За таа цел, во 2024 година компанијата купи земјиште со големина од околу 72.000 метри квадратни. Моментално таму се изведуваат првични земјени работи за нивелирање на земјиштето, по што, во текот на 2025 година ќе отпочне изградбата на нивните производни погони“, рече премиерот.

Напомена дека компанијата ДМ Бау Интернационал е во сопственост на наш сограѓанин, со потекло од Македонија, кој живее и работи во Швајцарија, но одлучил своите инвестициски планови да ги реализира токму во нашата земја.

 

Текстот Мицкоски: Потпишан е договор со ДМ- БАУ Интернационал за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top