Над 400.000 граѓани, пензионери, студенти, самохрани родители ќе бидат опфатени со антикризните мерки: владата треба да ги усвои утре, кажа Битиќи

Над 400.000 граѓани, пензионери, студенти, самохрани родители ќе бидат опфатени со антикризните мерки: владата треба да ги усвои утре, кажа Битиќи

пред 5 месеци

Според вицепремиерот за економски прашања Фатмнир Битиќи утре на седница на влада се очекува да бидат усвоени антикризните мерки.

Како што рече, со нив ќе бидат опфатени над 400.000 граѓани.

Одговарајќи на новинарско прашање колку компании ќе бидат блокирани поради неплаќање на солидарниот данок, Битиќи истакна дека според последните податоци тој број е мал, и е под 20.

Додаде дека уште не се блокирани сите компании и секојдневно се менува бројот.

„Средствата ќе бидат искористени за антикризни мерки коишто очекуваме веќе утре да бидат на седница на влада и се насочени кон најранливите категории на граѓани, овде спаѓа најголемата група на граѓани, а одреден надоместок наредните неколку месеци, ќе добијат ученици, студенти, самохрани родители итн, буквално најранливите категории, опфатот ќе биде навистина голем. Преку 400. 000 граѓани ќе бидат опфатени со мерките и за тоа се користат средствата од солидарниот данок“, потенцира Битиќи.

Текстот Над 400.000 граѓани, пензионери, студенти, самохрани родители ќе бидат опфатени со антикризните мерки: владата треба да ги усвои утре, кажа Битиќи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top