Намалено ДДВ-то за храна во рестораните

пред 3 години

Од први јануари годинава угостителите плаќаат помал данок за продажба на храна во објектите како и за услуги за достава. За продажба на алкохол ДДВ-то останува 18 отсто.

Со оваа повластена даночна стапка треба да им се помогне на угостителите кои се погодени од корона-кризата.

„ Од 1 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 10 отсто за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци. За проблемите на угостителите и помошта во иднина ќе разговараме во наредниот период, но за продажба на алкохол не може да се намали даночната стапка“, рече директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Share
Scroll to Top