Најголем дел од службениците вработени по Рамковен ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

пред 4 години

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе започнат со работа во новите институции во кои се распределени.

Груби вели дека тие веќе нема да имаат право да пребираат друго работно место, туку ќе им биде понудена единствена опција.

„Ако по било кој основ било кој од нив не дојде да го земе решението во рок од седум дена му се прекинува работното место“, вели Груби.

Тој ги наброја некои од институциите каде овие лица ќе бидат прераспределени, а најголем дел ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинска управа.

Тој нагласи дека во овој план нема само Албанци, туку има и Македонци, Срби, Роми, Бошњаци…

Во однос на иселените лица, Груби вели дека направена е претходна проверка по однос на тоа прашање и веќе се доделени отказни решенија, а некои од тие луѓе и самите побарале да им се прекине работниот однос.

Share
Scroll to Top