Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади.
На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Визер како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолини и Владата на Република Северна Македонија која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјата.
Исто така на средбата министерот Николоски го отвори и прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година.
Министерот детално информираше за условите и критериумите од јавниот повик, потенцирајќи го придонесот на авиокомпанијата Визер за развој на патничкиот ависообраќај во изминатиот период.
На средбата тој истакна дека јавниот повик е отворен за сите авиокомпании кои се заинтересриани да работат на македонскиот пазар под услови пропишани од јавниот повик.
Јавниот повик трае до 7 октомври и во рамките на тригодишната програма предвидено е финансиска поддршка во висина од 360 милиони денари. Покрај другите услови, предвидено е износот на финансиската поддршка да изнесува 9 евра по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.
Текстот Николоски-Варади: отворено прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до и од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот во Охрид е превземен од МАКФАКС.