Николоски: Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓаните и компаниите, а на државата економски напредок

Николоски: Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓаните и компаниите, а на државата економски напредок

пред 4 часа

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓаните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот Александар Николоски на отварање на новата трафостаница „ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН.

Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека Македонија во моментов е водечка земја во регионот во делот на енергетската транзиција.

„Навистина ми е драго што можеме да присуствуваме на отворање на овој значаен објект и да се заблагодарам за подршката на тимот на ЕВН затоа што навистина е уметност да се стави еден ваков објект во срцето на градот имајќи предвид дека ова што се гледа е само еден дел, а тоа што не се гледа е подземната инфраструктура и навистина беше заедничка работа на Владата и на ЕВН. Ова е едно архитектонско достигнување и би сакал да честитатм на сите што беа вклучени, различни ресори на Владата и компанијата“, рече Николоски.

Тој додаде дека ова е пример како може и во централното градско подрачје да се реализираат проекти кои се од интерес на државата и изрази надеж дека овој објект ќе значи стабилност за целокупното централно градско подрачје и за сите што гравитираат кон него.

Премиерот, Христијан Мицкоски, информира дека станува збор за инвестиција од отприлика 22 милиони евра, со која, како што рече, ќе се подобри стабилноста на системот и ќе отвори перспектива за следните отприлика 20-тина години да одговори на сите предизвици од енергетски аспект, приклучни места итн. кои што ќе бидат потребни за развој на Градот Скопје.

Текстот Николоски: Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓаните и компаниите, а на државата економски напредок е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top