Владата донесе нов закон за измена и дополнување на Законот за реализација на автопатот Кичево – Охрид, кој се надевам дека следната недела ќе го усвои македонското Собрание и со тој закон ќе биде решен еден од основните проблеми за реализција на автопатот Охрид – Кичево, истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Законските измени се во делот на техничките каректеристики на асфалтот што се користи за финализирање на завршните слоеви на автопатската делница приспособени на домашните геолошки услови.
„Сите проблеми што ги видовме се настанати како резултат на неодговорното работење на претходната влада. Законските измени се во делот на техничките картектеристики на асфалтот што ќе се користи. Правимe приспособување на македонските услови. Асфалт не може да се носи повеќе од 100 км од местото во кое е произведен, што значи дека мора да се користи локална оператива и се приспособуваме на геологијата, односно на наоѓалиштата што се користат во изработката на асфалт. Со гласање на овој закон, веднаш почнуваме со асфалтирање на финалните делови на одредени делници и да бидам пококнретен – веќе следната пролет да имаме делови од автопатот што ќе бидат целосно ставени во функција. Очекувам до рокот, до крај на 2026 година, да имаме конечно завршен автопат“, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Министерот истакна и дека се решаваат наследените проблеми со експропријацијата, објектите што се на трасата, како и со свлечиштата.
Текстот Николоски: Со нов закон ќе ја довршиме изградбата на автопатот Кичево – Охрид, очекувам напролет да се вози по одредени делници е превземен од МАКФАКС.