Според редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, на 31.3.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 28,4% од проектираниот БДП), и не бележи значителна – промена во однос на минатиот квартал.
Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,9%, соопшти НБРМ.
Во текот на првиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 8.960 милиони евра, што претставува 54,9% од проектираниот БДП за 2025 година.
Текстот Објавени позначајните промени кај надворешниот долг, побарувањата и меѓународна инвестициска позиција во првото тримесечје од 2025 година е превземен од МАКФАКС.