Од полноќ нови цени на гoривата

Од полноќ нови цени на гoривата

пред 3 часа

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89% во однос на одлуката од 19.10.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 8,120%, кај дизелот има зголемување за 0,404%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,074% и кај мазутот има зголемување од 2,060%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3292%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 27.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 91,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 93,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 110,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 54,273 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,694 ден/кг. и сега ќе изнесува 54,273 ден/кг.

Текстот Од полноќ нови цени на гoривата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top