Пад на светските берзи по американските избори, технолошките компании изгубија милијарди долари

Пад на светските берзи по американските избори, технолошките компании изгубија милијарди долари

пред 3 часа

Американските и азиските технолошки компании изгубија стотици милијарди долари пазарна вредност по остриот пад на светските берзи, предизвикан од загриженоста дека изборната победа на демократите во САД може да го забави развојот на вештачката интелигенција. Само седумте најголеми американски технолошки компании, познати како „Величествената седумка“, за еден ден изгубија вкупно еден билион долари пазарна вредност.

Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од девет отсто, со што пазарната вредност на компанијата се намали за над 400 милијарди долари. Компаниите „Спејс Икс“ и „Тесла“ заедно изгубија повеќе од 300 милијарди долари пазарна вредност, според објавените податоци.

Американскиот берзански индекс S&P 500 вчера падна за 4,4 отсто, што е негов најголем дневен пад од април 2025 година. Индексот Dow Jones загуби 1.833 поени, односно 3,4 отсто, додека технолошкиот Nasdaq падна за 5,5 отсто.

Падот продолжи и на азиските берзи. Јапонскиот индекс Nikkei 225 во раното тргување загуби повеќе од пет отсто, додека јужнокорејскиот Kospi падна за над осум отсто, поради што тргувањето привремено беше прекинато.

Меѓу најпогодените компании се производителите на чипови. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од девет отсто, додека „АМД“ загуби над 17 отсто од вредноста. Значителни загуби забележаа и „Самсунг“, „СК Хајникс“ и други компании поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Инвеститорите стравуваат дека новото демократско мнозинство во американскиот Конгрес ќе воведе построги правила за изградба на центри за податоци, што би можело да ги забави инвестициите во секторот. Дополнителна загриженост предизвикува и неизвесноста дали огромните вложувања во вештачката интелигенција ќе ја донесат очекуваната заработка.

Текстот Пад на светските берзи по американските избори, технолошките компании изгубија милијарди долари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top