Поголема европска интеграција на економиите, делегација на ССК на конгрес на Европската комора во Антверпен, Белгија

Поголема европска интеграција на економиите, делегација на ССК на конгрес на Европската комора во Антверпен, Белгија

пред 6 месеци

Во Антверпен на 17-тото издание на конгресот на Eurochambres од 12-14 јуни ,беше присутна делегација на Сојуз на стопански комори на Македонија предводена од претседателот Трајан Ангелоски, потпреседателот Сашо Дукоски , Соња Божиновска и Сања Божиновска членoви на ССK .

Конгресот на Eurochambres 2024 го отвори Кети Беркс, гувернер на провинцијата Антверпен,и Владимир Длоухи, претседател на Eurochambres,настан кој е катализатор за соработка, размена на знаење и зајакнување на мрежата,и е врвен собир на претставници на Коморите од цела Европа,претседатели, членови, извршни директори, генерални секретари, директори и менаџери,на едно место се присутни експерти кои со своите експертски излагања допринесуваат да се обликува иднината на европските комори.

Фокусна точка на конгресот беа Kоморите – нивните деловни модели, услуги, улоги и поддршка за бизнисите и креаторите на политиките кои се стремат кон брзо и одржливо економско закрепнување по неколкуте предизвикувачки години за европската деловна заедница.

Закажан само неколку дена по изборите за Европскиот парламент, настанот има особено значење бидејќи изборните резултати ќе ја обликуваат агендата на политиката на ЕУ за следните пет години. Високи креатори на политики и претставници на бизнисот и коморите се состанаа за да разговараат за овие клучни резултати и нивните импликации.

Главна тема на конгресот беше конкурентноста,и зелена транзиција кои се клучни, и главни за сите стопански и индустриски комори кои имаат важна улога во поддршката на бизнисите, во нивно одржување и понатамошен развој,и делување на целосното исполнување на единствениот пазар и обезбедувањето вистински рамноправни услови за бизнис. Помеѓу клучните чекори од дијалогот беше потребата од решавање на цените на енергијата кои остануваат многу повисоки ,и имаат големо влијание врз конкурентноста нa бизнисите.

„Во брзо менувачко опкружување, Коморите можат да понудат решенија и имаат клучна улога во предвидувањето на компетенциите што ќе им бидат потребни на бизнисите во иднина.За таа цел, го зајакнуваме нашиот ангажман со приватниот сектор и Европските комори и главни полиња на соработка и делување ни се : енергична модерна економија, чиста технологии,зелена инфраструктура ,тоа е и наша стратегија за долгорочен раст и просперитет,со можност за создавање работни места со висока вредност и модерен и одржлив економски раст и ефективно работиме на нашите приоритети иновациите, соработката и стратешкото лидерство“, истакна Ангелоски.

Текстот Поголема европска интеграција на економиите, делегација на ССК на конгрес на Европската комора во Антверпен, Белгија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top