Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 % во однос на одлуката од 05.8.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,531%, кај дизелот 2,143%, кај екстра лесното масло за 0,449% и кај мазутот зголемувањето е за 3,070%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7310%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,688 ден/кг и сега ќе изнесува 44,748 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.8.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.
Текстот Пониски цени на бензинот и дизелот од полноќ е превземен од МАКФАКС.