Во престижниот салон на Audi во рамките на Porsche Macedonia, пред бројни претставници на медиумите, деловни партнери и љубители на автомобилската индустрија, официјално беше промовиран новиот Audi Q7. Настанот обедини врвен дизајн, напредни технолошки иновации и супериорни перформанси, поставувајќи нови стандарди во премиум SUV сегментот на македонскиот пазар.

Промотивниот настан започна со обраќање на генералниот директор на Porsche Macedonia, Златко Муцунски, кој ја истакна стратешката важност на брендот и долгорочната посветеност на компанијата кон носење на највисоките светски стандарди во земјата.
„Audi Q7 не е само автомобил во нашата гама – тој е столб на семејството на Audi и симбол на довербата што нашите клиенти ја градат со години. Со гордост продолжуваме да ја предводиме трансформацијата на пазарот, носејќи модели кои обезбедуваат врвен престиж, сигурност и безвременски квалитет,“ истакна Муцунски.
Во продолжение на настанот, бренд-менаџерот на Audi, Весна Бошнаковска, ја долови емотивната вредност на брендот Audi во Македонија, нагласувајќи ја силната заедница на лојални клиенти кои ја делат филозофијата „Напредок преку техника“ (Vorsprung durch Technik).


Деталната презентација на возилото ја водеше маркетинг-менаџерот Стефан Јовановски, кој ги презентираше клучните аспекти на новиот модел низ призмата на концептот „Простор за семејство, работа и слободно време“.
Присутните имаа можност детално да се запознаат со импресивните карактеристики на новиот Audi Q7:
· Дизајн и светла технологија: Доминантната нова Singleframe решетка и напредните HD Matrix LED предни светла со Audi ласерско светло и дигитални потписи кои овозможуваат максимална видливост и впечатлив визуелен идентитет.
· Врвна флексибилност и комфор: Кабина дизајнирана како мобилна канцеларија и луксузно засолниште, со опција за избор меѓу 5 и 7 седишта, акустична изолација и огромен багажен капацитет за сите семејни и авантуристички потреби.



· Интелигентна дигитализација: Напредниот Audi virtual cockpit, интуитивниот MMI инфозабавен систем со интегрирани популарни апликации и премиум озвучувањето Bang & Olufsen 3D Sound System.
· Супериорни перформанси: Моќните ефикасни мотори опремени со најновата MHEV plus (mild-hybrid) технологија, легендарниот quattro постојан погон на сите тркала и адаптивна воздушна суспензија за врвна стабилност на секаков терен.







Новиот Audi Q7 и официјално е достапен во салонот на Audi во Porsche Macedonia.
Тимот ги поканува сите заинтересирани клиенти и љубители на брендот да го посетат салонот и лично да се уверат во супериорноста на овој модерен и луксузен SUV.
(ПР)
Текстот Порше Македонија го претстави новиот Audi Q7: Врвен престиж, напредна технологија и совршенство без компромиси е превземен од МАКФАКС.





