Постојан развој: Зголемен опсег за „OPEL CORSA-e“ и „MOKKA-e“

пред 2 години

· Опсегот на Corsa-e и Mokka-e во WLTP циклусот, се зголемува на 359 и 338 km (со А+ пневматици)*

· Продолжување на опсегот преку оптимизација на топлинската пумпа, редукторот и пневматиците

· Opel веќе нуди девет електрифицирани патнички автомобили и лесни комерцијални возила

2019 Opel Corsa-e

Континуираниот развој на Opel Corsa-e и Opel Mokka-e донесе значителни зголемувања на опсегот при возење на двата модели – не само во официјалниот циклус WLTP (Светска хармонизирана постапка за тестирање на лесни возила), туку и при возење во реални услови.

Со едно полнење на батеријата, наградуваниот Opel Corsa-e, кој беше претставен во 2019 година, сега може да помине до 359 km (со А+ пневматици)* според WLTP, што претставува зголемување за 15 km. Опсегот на Mokka-e, којa беше пуштена во продажба во 2020 година и неодамна ja освои награда „Златен управувач за 2021“, се зголеми на 338 km (со А+ пневматици)* (WLTP).

2020 Opel Mokka-e

Зголемувањето на опсегот е постигнато, на пример, преку оптимизација на HVAC (Греење, вентилација, клима уред) и погонските системи на Opel Corsa-e и Opel Mokka-e.

Ефикасноста на топлинската пумпа, која ја загрева и лади внатрешноста и е стандардна опрема кај двата модели, сега е уште поголема од порано. Топлинските пумпи се поефикасни од конвенционалните HVAC системи, бидејќи бараат помалку енергија од батеријата, во корист на опсегот на возење. Клиентите ќе ги забележат подобрувањата особено при возење во зимските месеци.

2020 Opel Mokka-e

Дополнителен придонес во зголемувањето на опсегот имаат новиот редуктор на менувачот и пневматиците од класа А+* 16 инчи (Corsa-e) и 17-инчни (Mokka-e).

2019 Opel Corsa-e

Opel Corsa-e и Opel Mokka-e се дел од сеопфатната офанзива за електрификација на германскиот производител богата со традиција. Opel веќе има девет линии на електрични возила на пазарот – LCV (лесни комерцијални возила) како и патнички автомобили. Портфолиото на возила на брендот ќе биде целосно електрифицирано до 2024 година. Opel целосно ќе се фокусира на електрични возила со батерии во Европа од 2028 година.

*Во зависност од земјата

Opel Corsa-e

(ПР-текст)

Share
Scroll to Top