Премиера: новиот Opel Grandland пристигна во Македонија

пред 2 години

На 30.3.2022 во салонот на Opel Македонија – Еуроимпекс, се одржа промоцијата на Новиот SUV во гамата на Opel – Новиот Opel Grandland!

Моделот беше претставен во 3 различни верзии и 3 различни бои, на самата промоција и беше потенциран секој еден елемент од новитетите на Новиот Grandland. Присутните имаа можност одблиску да се запознаат со Новиот Opel Visor, InteliLux LED светлата, AGR седиштата како и новиот Pure Panel.

По најавата од Менаџерот за медиуми и односи со јавност, Ана Јовановска, која го претстави моделот како „не-типичен“ и SUV со кој можете да имате се’, кусо претставување за Брендот и новиот салон на Opel даде Маркетинг Менаџерот и заменик CEO на Еуроимпекс – Ивана Манчева Михајловска која изјави: „Во автомобилската индустрија минуваме низ турболентен период, меѓутоа – што се однесува до Опел брендот, заедно со нашите ценети продажно сервисни дилери Аутомакедонија од Скопје и АутоЦем од Тетово, работиме во насока на претставување на новиот пристап на Опел брендот, новата стратегија, новите модели и кон освојување на нови клиенти.

По процесот на детоксификација, Опел брендот денес има нов линк (што и можете веднаш да забележите и од изложените возила надвор) а и имаме и нов таргет на публика кон која се обраќаме. Но и покрај тоа, Опел не ја менува својата ДНК: тој е доверлив модерен германски бренд, технолошки напреден и со чист и прецизен дизајн“.

Продукт менаџерот за Opel – Драган Јовев ја започна својата презентација и изјави:

„Ова ни е втора промоција откако Opel направи едно големо RESET-ирање од COLD во COOL и враќање кон својата изворна ДНК: германски, модерен, возбудлив и пристапен. Овие ДНК вредности се вткаени со секој производ што излегува од Opel и го демонстрира нашето тежнеење кон квалитет, беспрекорно прецизен и чист дизајн, интуитивен ентериер, активна удобност на возачот, возење кое го ангажира возачот и корисни иновации кои се достапни на сите клиенти. Овие ДНК к-ки ги има нашиот претставник во SUV – C сегментот базиран на “multi-energy” EMP2 платформата на Stellantis – новиот Opel GRANDLAND“.

Тој потоа внимателно ги презентираше сите корисни информации за моделот најавувајќи ја и цената за истиот како и нивоата на опременост и моторите кои ќе бидат понудени во Македонија.

Новиот Grandland излегува од производната лента во фабриката во Ајзенах, Германија на нашиот пазар, започнува од 25.390 ЕУР со турбобензиски мотор 1.2 130 КС и ниво на опременост “Grandland”.

Во целата таа германска еуфорија, посетителите имаа можност да ги погледнат и останатите актуелни модели во гамата кои беа уредно изложени пред самиот салон: Opel Corsa, Новиот Crossland, Новата Mokka и секако промотивниот модел – Новиот Opel Grandland.

Повеќе информации за моделот можат да се добијат на веб-страната opel.mk и на дилерските страници.

 

(ПР текст)

Share
Scroll to Top