Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ цената на струјата за домаќинствата имаше највисок раст од 100% иако немаше глобална енергетска криза, велат од СДСМ.
„Станува збор за времето кога Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски, а потоа и директор на ЕСМ. Наместо во енергетски капацитети, во обновливи извори на енергија во време на ВМРО-ДПМНЕ се трошеа пари за споменици, барок и жални врби“, нагласуваат од партијата.
Од СДСМ посочуваат и дека Мицкоски е најнеуспешниот директор на ЕСМ досега, со, како што велат, големо незнаење во делот на енергетиката.
„Кога настапи глобалната енергетска криза токму Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ прогнозираа дека струјата кај нас ќе поскапи и до 40 проценти. Ете толку е големо незнаењето на Мицкоски“, стои во паритската реакција.