СДСМ: Ги исполнуваме изборните ветувања, просечната плата достигнува 30.000 денари

пред 2 години

Економските политики што ги презема Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати. И во време на глобална економска и здравствена криза не застанува растот на платите во државата, се вели во соопштението од СДСМ.

Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во месец декември 2021 година изнесува 29.943 денари, што е за 5,8 отсто повеќе во однос на декември 2020 година.

Исполнивме уште едно ветување дадено пред граѓаните, просечната плата веќе достигнува 30.000 денари.

Новата Влада предводена од СДСМ за неполн месец, направи историско покачување на минималната плата, а следен чекор е големо покачување на пензиите.

Овие официјални податоци ја потврдуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ кои имаат за цел да обезбедат забрзан економски раст и подобар животен стандард.

Од СДСМ додаваат дека како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на креирање и реализација на мерки што градат силна економија која носи шанса за сите.

Share
Scroll to Top