СДСМ: Ги покачуваме платите и го штитиме стандардот на граѓаните во криза

пред 2 години

Во време на најголема економска и енергетска криза, Владата предводена од СДСМ успешно ја менаџира кризата и успеа да ги ублажи последиците. Со 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го заштитивме стандардот на граѓаните и спречивме ценовен шок. Ја стабилизираме цената на струјата, со помош на субвенционирање од страна на Владата, граѓаните плаќаат најниска цена на енергијата во регионот, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека цените ги одржуваат стабилни. Нема никаков застој во снабдувањата со храна, со гориво, гас, греење, финансиски ги поддржуваме и ранливите граѓани, покачена е минималната плата, двојно од времето на ВМРО-ДПМНЕ, на 18.000 денари, рекордно се покачени и пензиите, а воведена е и дополнителна помош за секој пензионер.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2022 година, изнесува 29.839 денари. Тоа е покачување за околу 7.000 денари повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22.000 денари.

Платите во образованието ги покачивме за 21% и повторно разговараме за нови покачувања на платите, во образованието но и во други сектори.

Со СДСМ граѓаните се сигурно, наместо за споменици, парите завршуваат назад кај граѓаните, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top