СДСМ: Данела Арсовска не предвидела ниту денар помош на скопјани за енергетската криза, ниту за греење

пред 2 години

Градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, постојано покажува дека е комплетно неспособна за функцијата што ја извршува, реагираат преку соопштение од владејачката СДСМ.

„Данела Арсовска за буџетот за 2022 година не предвиделе ни денар за справување со енергетската криза и за затоплувањето на скопјани, а нејзиниот одговор дека не можела да го врати времето назад е потценување на граѓаните. Арсовска покажува елементарно непознавање на ингеренциите на градоначалникот и Советот на Град Скопје. Откако за три пати го намали буџетот за животна средина, неколкукратно го намали буџетот за субвенционирање за набавка на инвертори, сега Арсовска бега од предизвиците поврзани со енергетската криза“, стои во напишаното.

За се што е во интерес на граѓаните,Арсовска, велат од СДСМ, се иззема и вели дека таа не е надлежна, очигледно смета дека нејзина единствена надлежност е да ја партизира градската администрација.

Според партијата на власт, тоа е срамен и неодговорен однос на Арсовска кон скопјани, граѓаните и дадоа доверба да понесе одговорност и да ги решава проблемите а не секојдневно да бара оправдувања за нејзината неспособност, посочуваат од СДСМ.

Share
Scroll to Top